На новиот светски виртуелен забавен фестивал ЈУНАЈТЕД ВИЖН, Република С. Македонија ја претставува младата Тијана Периќ со песната “Писмо”.
Ова е нов фестивал на кој учествуваа преставници од речиси стотина земји од цел свет. Гласањето е во тек, а гласаат клубовите од сите земји кои ја имаат лиценцата за учество. Македонскиот клуб го претставува Тијана, воедно и нашата земја.
Тијана Периќ, има 19 години. Со музика се занимава уште од мала, одела во нижото музичко училиште каде што учела да свирам клавир и основи на музиката. Минатата година заврши и средно музичко училиште во ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”, потоа се запиша на Факултетот за музичка уметност. Клавир свираи 12 години класична музика, досега имала доста концерти, настапи и учествувала на натпревари со клавирот. Талентот за музика го наследи од свокјот татко кој е дипломиран на музичката академија и работи како наставник по музика.
“Писмо” е нејзина прва песна со видеозапис, комплетен автор е Ѓорѓи Крстевски а исто така и за видеозаписот е одговорен тој со неговата видео продукција Krstevski Entertainment.
Спотот е сниман на три локации. Оригиналната верзија од “Писмо” е 8 и пол минути во која што Ѓорѓи сакаше да ја претстави и како вокал и како клавирист и таа смета дека идејата беше многу добра. Голем придонес во нејзината музичка наобразба имаат професорката по клавир Дилек Реџеп и професорката по соло пеење Александра Коцевска.