Почетна УМЕТНОСТ Ликовна МСУ стана членка на единствената глобална мрежа експерти од музејската дејност –...

МСУ стана членка на единствената глобална мрежа експерти од музејската дејност – CIMAM

1

Музејот на современата уметност – Скопје стана дел од Меѓународната комисија на музеи и колекции на модерна уметност – CIMAM, во која членуваат директори и куратори од светски познати музеи, колекции и архиви за модерна и современа уметност.

„МСУ – Скопје стана дел од фамилијата на CIMAM! Напорната работа,
исклучителната посветеност и грижа за колекцијата, излегувањето од нашите граници
на меѓународната сцена, богатата програма и „Големото Стакло“, беа препознаени од страна на CIMAM, единствената меѓународна заедница, која ги застапува интересите на професионалците во музеите на модерната и современата уметност и која ги нуди ресурсите и можностите за размена, кои се неопходни за развој на оваа дејност. Ова членство дополнително ја зацврстува позицијата на МСУ помеѓу најреномираните музеи на современа уметност во светот“, вели Мира Гаќина, директорка на МСУ – Скопје.

ЦИМАМ е дел од Меѓународниот совет на музеи – ICOM (ИKОМ), кој е мрежа на повеќе од 35.000 членови – музејски професионалци, кои ја претставуваат глобалната музејска заедница.
Основана во 1962 година, визијата на ЦИМАМ е свет во кој се препознава и почитува
придонесот на музеите, колекциите и архивите на модерата и современата уметност за
културната, социјалната и економската благосостојба на општеството. Целта на ЦИМАМ е да поттикне глобалн мрежа на музеи и музејски професионалци од областа на модерната и современата уметност со цел да се подигне свеста и да се одговори на потребите на овие музеи. Со генерирање дебата и охрабрување на соработка помеѓу уметничките институции и поединци во различни фази на развој, ширум светот, ЦИМАМ игра клучна улога во растот на секторот.

Членовите на оваа глобална мрежа еднаш годишно одржуваат конференција на која
дебатираат за теоретски, етички и практични прашања поврзани со организирање изложби, креирање програми, споделување искуства и посети на најистакнатите уметнички институции на современата уметност во светот. Првата годишна конференција на ЦИМАМ се одржа во 1962 година во Хаг. Оттогаш, Комитетот прослави над 50 конференции, кои се одржаа во 30 различни градови низ светот.
ЦИМАМ се залага за воспоставување на професионални кодекси на пракса и етички
стандарди за институциите, кои се членки.
„Museum Watch“ е програма на оваа мрежа – алатка која ќе им помогне на професионалците во модерната и современата музејска уметност, како да се справат со критични ситуации, кои влијаат на способноста на музеите и поединците да ги задржат своите професионални кодекси на практики.

ЦИМАМ во рамките на својата програма обезбедува и грантови за патувања што подразбира поддршка на кураторскиот и истражувачки развој на поединци преку нивното присуство на Годишната конференција. Од 2005 година до денес, ЦИМАМ поддржа повеќе од 300 млади кустоси и директори на музеи, кои имаа прилика да присуствуваат на Годишната конференција.

metropolis-big