“Нека се вратат времиња златни” на Маротов доби и видеоспот

159

Се поактивниот автор, инструменталист и интерпретатор БЛАЖ МАРОТОВ откако неодамна сними песна “Нека се вратат времиња златни”, сега го претставува и спотот  за истата, а со која песна како што стои насловот има за цел да се создаде што попозитивна ведра содржина, како во текстот, така и во музиката и аранжманот а и во видеото.

-Видеото е снимено по познати скопски локации, кои го одбележуваат животот низ годините и подолго… Време во кое (многу поразлично од денешното), минувавме­ убави незаборавни моменти, по сите места низ нашата околина и пошироко. Комплетнио­т проект е мој со музичка, аранжерска и  вокална изведба, како и продукцискиот дел на целото аудио. Текстот е на Цане Трајчевски, и на истиот е компонирана музиката ни откри авторот.

Да го погледнеме и спотот

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.