Се одлага концертот посветен на Фреди Меркјури

190
Поради ужасната трагедија која се случи утрово во Република Бугарија и во која животот трагично го загубија наши сонародници, ве известуваме дека концертот “Freddie Mercury Tribute” кој требаше да се одржи утре (24 ноември 2021) во Македонската Филхармонија, се одложува за вторник (30 ноември 2021) во 20 часот, соопштија од Баги Комуникации.

Билетите ќе важат за концертот. Сите што не се во можност да присуствуваат, можат да ги вратат билетите, со праќање на маил на [email protected] или на [email protected]. -Ова се денови на молк, тага и сочувство!, пишува организаторот во својот допис и упатува сочувство до семејствата на настраданите, и побрзо закрепнување на повредените.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.