Почетна ЗАБАВА И МУЗИКА Сицилија – Како да ја доживеете оваа привлечна дестинација

Сицилија – Како да ја доживеете оваа привлечна дестинација

turizam

Сицилија е идеална дестинација за активен годишен одмор. Позната  по гастронимијата, прочуена по колоритноста на малите градови и селца, преубавите песочни плажи и чистото море.

 А доколку сте од оние среќниците кои одморот можеби токму оваа година  ќе го поминат таму,  еве кратки упатства за да знаете  што вреди да направите додека сте на овој волшебен остров.

Разбудете се како вистински Сицилијанец со појадок кој вклучува бриош со гранита, дозволете си го најслаткото задоволство – колачето Каноло Сичилијано, поминете барем еден цел ден уживајќи во долчевитата на прекрасната Таормина.

turizam

Отидете да се напиете  кафе во Бар Вители во селото Савока познато по тоа што  Вито Корлеоне од филмот „Кум“ ,редовно го пиеше своето кафе. Не пропуштајте д аго посетите  барокниот плоштад во Палермо познат како Кватро канти и појдете до  малото гратче Чефалу, едно од најживописните во Италија

turizam

И не заминувајте од овој волшебен остров додека не појдете на една од турите за дегустација на вино и не погледнете  претстава онаму каде што театарот е роден – амфитеатарот во Сиракуза.

И откако ќе ги искачите  најколоритните скалила во светот Санта Марија дел Монте и посетете ги локалните продавнички за керамика, пробајте го сладоледот во Кафе Сичилија од Корадо Асенѕа во Ното  и изедете барем едно аранчино во Палермо.

turizam

И секако препушетте се на убавината на плажите на Сицилија користејќи го секој миг на топлото сонце и свежиот морски здив

turizam

metropolis-big