Викенд кујна – Јагнешка дроб сарма

789

За овој викенд, пролетен ручек ако сте пропуштиле да го направите за време на Велигденските празници.

Потребни состојки
  • од 1 јагне црн и бел џигер, сплина и срце
  • ориз и компири по избор
  • 1 врзоп младо кромидче
  • 2-3 млади лукчина
  • 6 – 7 лажици масло
  • по вкус сол, бибер

Начин на подготовка

Откако ќе ги измиете дробот, ставете го да се вари. Кога ќе зоврие водата нека повари малку и го вадиме дробот од водата и го миеме..

Ќе го исечкаме ситно лукот и кромидот ,во тенџере ставаме зејтин и ги пржиме. За неколку минути го миеме оризот го ставаме и промешуваме додека оризот не стане стаклен.

Го сецкаме дробот на ситно и додаваме црн пипер и сол.Се промешува и на крај додаваме две чаши од водата во која го варевме дробот .

Се остава да вари додека водата не се спои со смесата. Готовата смеса ја тураме во тава и одозгора ставаме сматени јајца и кислео млеко.

Ја ставаме во рерна и по 20-тина минути имаме ВКУСНА ДРОП САРМА!

Можете да ја јадете со зелена салата или пак едноставно со кисело млеко!

Пријатен викенд ручер!

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.