Црвен крст секогаш во служба на оние на кои им е помошта најпотребна

631

Месец мај беше преполн со активности  на Црвениот крст, по повод одбележување на 8 Мај-Светски ден на Црвен крст крст и Црвена полумесечина и Неделата на Црвен крст на Република Македонија.

Во рамките на активностите за одбележување на 8-Мај Светскиот ден на Црвениот крст, Неделата на Црвениот крст на Р. Македонија од 8-15 Мај и воедно одбележување на 100 години од формирањето на Мегународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина кои оваа година се спроведуваат под мотото ,,Што ви се допаѓа во Црвенит крст и Црвената полумесечина“#Љубов, Црвен крст на Р.Македонија -Oпштинска организација Карпош на 8 Мај 2019 година спроведе две дисеминациски сесии за 32 ученици од V-то одделение во Основното училиште ,,Аврам Писевски,,- во Бардовци и за уште 27 ученици исто така од 5-то одделение од Основното училиште „Петар Поп Арсов“ во Карпош.

– Во повод 8 мај, во период од 6 – 14 мај, ОО Црвен крст Карпош спроведе и конкурс на ликовни и литературни творби на тема поврзани со историјатот и активностите на Црвениот крст.

– На 14 мај 2019 година, тројца  волонтери од Клубот на млади се вклучија во заедничките активности за одбележување на отворениот ден во Средното училиште ,,Георги Димитров,,-Скопје каде на поставен информативен штанд на Црвениот крст пред присутните учесници на овој настан делеа информтивно – пропаганден материјал и воедно даваа одговори на прашања поставени од заинтересираните посетители поврзани со содржините на активностите на Црвениот крст.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.