Крводарителска акција на Консалтинг Интер Груп

244

По повод Недела на претприемништвото, Консалтинг Интер Груп на 17.11.2021 година (Среда) организира КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА која ќе се одржи во просториите на Општина Кавадарци со почеток од 10 до 15 часот.
Како општествено одговорна компанија, е со дефинирана програма за општествена одговорност и тоа преку обучување на млади кадри, горд поддржувач и промотор на женското и социјалното претприемништво, како и активен организатор и учесник во големи донаторски проекти и хуманитарни настани.

Консалтинг Интер Груп е консултантска компанија специјализирана за деловно и корпоративно право, со докажана експертиза од областа на правен и економски конслатинг.
Предводени од претприемачкиот дух, новите иновативните предизвици, како и потребите за развој на компаниите прераснавме во комплетен правен сервис кој за своите клиенти нуди различни услуги и тоа: основање, раст и развој на компаниите, советување и правна поддршка, статусни промени, пристап до финансии, интелектуална сопственост, бизнис планови, правен и економски дуе дилигенце, проценки. Како активни чинители во правната проблематика, професионалниот пристап во работењето и брзите и практични решенија кои ги нудиме со минимална вклученост на клиентите, низ годините станаа наш заштитен знак.
Како акредитиран финансиски фасилитатор за пристап до финансии, за разој на деловниот еко систем, базата на клиенти и соработници значително ја прошируваме и заедно испишуваме безброј успешни приказни.

“Ве покануваме да присуствувате на оваа хумана акција, бидејќи задоволството му припаѓа на оној што дарува”.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.