Хуманост на дело -Umbrella Lounge Bar во Трговскиот центар во Скопје

625

Umbrella Lounge Bar  e единствен Lounge Bar во Македонија, кој вработува лица со попреченост и овозможува нивна инклузија и економско зајакнување.

Отворен е пред неколку месеци и стана препознатливо место за Скопјани , за сите оние кои ја подржуваат идејата дека “Човечноста на едно општество се гледа според тоа како тоа општество ги третира лицата со посебни потреби”, што е мотото на тимот на овој Lounge Bar.

Насмеаните лица на вработените, љубезните гости и духот на атмосферата на ова место потсетува дека нема ништо посвето и поубаво од тоа да го отвориш срцето зa  оние кои се исти, но во нешто различни а сепак толку вредни и достојни за почит.

Дојдете на место кое гарантираме дека ќе придонесе за вашата среќа, љубов и радост, велат од тимот на Umbrella Lounge Bar  под раководство на Марјан Мано Петров, кој покрај убавиот амбиент, добрата услуга хуманоста која ја реализира на дело, за гостите секојдневно има убава и интересна забава со разни содржини.

Овој викенд  со гостите ќе бидат  најдобрите бендови на овие простори. Петок 10.05.2019- SOUL FOOD и Сабота 11.05.2019 фантастичната Лина Авшар и The Band, со почеток од 21:00 часот ќе ги отсвират  најдобрите соул, џез и поп нумери.

„Да се потсетиме, смеењето е единствената бесплатна работа на светот што го продолжува животот“ , на ова на 16-ти мај од 21часот, ќе не потсети Бојан Велевски со неговата Stand up комедија токму во Umbrella

 

 

И, кога ќе бидете во центарот на градот не се мислите каде да застанете, да се одморите, освежите или едноставно го испиете вашето кафе, без двумење отидете во Umbrella Lounge Bar.

 

Користените фотографии се  од ФБ страната на Umbrella Lounge Bar!

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.