ОПШТИНА ТЕАРЦЕ: Ќе се гради нова градинка!

154

Во Општина Теарце е предвидена изградба на детска градинка. Денес, 17.12.2021,и официјално ќе се потпишува договорот за градежни работи – “Изградба на градинка во Oпштина Теарце” и договорот за “Надзор над градежни работи за изградба на градинките во Oпштина Тетово и Теарце“.
Освен градоначалникот на Општина Теарце, г-дин Нухи Незири, присутни ќе бидат и претставници од Министерство за финансии (CFCD), Министерство за труд и социјална политика, како и од
компаниите „ЕURO CONSULT LTD Скопје“ и „AK-INVEST DOOEL“.
Изградбата на градинката во oпштината е дел од предизборното ветување на актуелниот градоначалник. Реализацијата на овој проект е од особено значење за жителите на овој регион.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.