Примена на паметно земјоделство

26

Фондацијата за локален развој и развој на информатичка технологија- Гевгелија, продолжува со реализацијата на проектот: ИДЕАС, односно „Иновации, развој и вработување во земјоделско- прехранбениот сектор“. Проектот се имплементира во рамки на
Програмата за прекугранична соработка со Грција за периодот 2014-2020. ФЛОРИТ- Гевгелија е водечки партнер, а останатите партнери се American farm school од Солун и Мрежата за рурален развој на РСМ. Главна цел на проектот e идентификување и поддршка на нови деловни активности во земјоделско – прехранбениот сектор кои имаат иновативен потенцијал и кои можат да станат мултипликатори на компаративните предности на регионот.
За таа цел, во организација на ФЛОРИТ- Гевгелија, беше одржана прес-конференција во хотелот „Аполонија“ за презентација на годинашните активности предвидени со проектот, на која се обрати и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов.
-Локалната самоуправа ги поддржува и промовира сите новитети, иновации и технолошки решенија од интерес на граѓаните од општина Гевгелија, истакна Сарамандов.
Годинава, во рамките на проектот ќе биде поставена нова метеоролошка станица во функција на обезбедување податоци за воведување иновации во земјоделството, како и 29 модули со интегрирани сензори за мерење на температура и влажност на воздух, атмосферски притисок, температура и влажност на почвата. Сите овие податоци од мерењата ќе бидат достапни преку т.н. dashboard (електронски приказ на податоци), а ќе биде организирана и посебна обука. Покрај тоа, ќе бидат организирани и обуки за воведување на добра земјоделска пракса, за безбедност на храна, за системи со управување со HACCP и ISO 22000, како и за обуки за стратешки менаџмент, финансиски менаџмент, управување со ресурси и инвентар, мониторинг, аналитика, известување од аспект на проекти од областа на земјоделството, агротуризам, рурален развој

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.