Работилница за идентификување на успешни практики и канали за климатска акција

66

Коалиција на иднината ќе одржи работилница во врска со подготовката на Стратегијата за комуникација на климатска акција до 2030-та година.
Во рамки на подготовката на Стратегијата за комуникација на климатска акција до 2030-та година од име на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Програмата за развој наОбединетите Нации, СП ФИНКИ и Колектив З, се организира една кратка работилница на која заеднички ќе се обидат да ги идентификуваат успешните практики за комуникација на климатска акција од страна на различни засегнати актери во сферата, како и успешните практики и конкретни канали и медиуми за комуникација од страна на МЖСПП кон секоја од засегнатите страни.
Работилницата ќе се одржи онлјан, преку платформата ZOOM на 22. декември (среда), од 12 до 14 часот.
Во изминатиот период тимот работеше на мапирање на добри практики во поглед на комуницирање на климатската акција во земјата и пред да поминиат на дефинирање на стратегијата сакаат уште еднаш заеднички да ги продискутираме наодите и дад ефинираат јасни комуникациски принципи и начини на комуникација.
На работилиницата се очекува учество да земат актери од јавниот, приватниот, граѓанскиот и образовниот сектор.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.