Валентина Узунова победи во трка со трчање

30
 Седум члена на АК „7 Ноември“-Гевгелија деновиве зедоа учество меѓу 100 учесници на „Чупино треил“ трката на планината
Плачковица. Валентина Узунова, Дарко Прошевски, Мијалко Андоновски, Мики Петровски, Димче Андреев, Магдалена
Јованова и Горан Јованов се имињата на членовите кои беа дел од овој спортски настан, составен од три трки „Тринити треил“ од 65 км., „Чупино треил“ од 32 км. и „Бумбар треил“ од 16 км., чиј домаќин беше Виница.
Имено, на „Чупино треил“ трката, Валентина Узунова го освои првото место. Исто така, во конкуренција со дваесеттина машки натпреварувачи на трката „Тринити треил“, Валентина
Узунова беше единствениот женски натпреварувач, која го освои
десеттото место во генералниот пласман, претставувајќи го ЗПСК
„Кожуф“- Гевгелија.
 Chupino Trail е креација на The Running Squad – екипа рекреативци со различна спортска историја.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.