Децата го посетија првиот Саем на креативни индустрии

7

Повеќе од 1000 деца на возраст од 6 до 17 години ја искористија можноста да се забавуваат и да учат за креативните индустрии, а околу 200 од нив добија награди од изложувачите во рамките
на првиот Саем на креативни индустрии.
Во текот на двата дена, Саемот им овозможи на децата не само да научат што сѐ може да биде дел од креативните индустрии, туку и да го видат нивниот потенцијал и оригиналните идеи на
40-тина изложувачи. Тие имаа прилика да видат и поиграат видео игри создадени во нашата земја, принт на хартија и текстил, 3Д-печатање во живо, роботска рака, да слушнат и видат видео приказни, макети за изработка на сетови за анимиран филм, и многу повеќе.
Саемот за креативни индустрии се роди од идејата да се подигне профилот на креативниот сектор, да ги поврзе организациите кои имаат заеднички интерес во креативните индустрии и
да ги едуцира децата на нов, невообичаен и интерактивен начин за креативните индустрии.
Спојот на креативните индустрии, бизнисите од истата област, образованието и младата работна сила се од витално значење за здраво креативно општество. Саемот придонесе и за
популаризација на креативните индустрии и нивно акцентирање, можностите за работа што ги нудат како и вмрежувањето на поединци и асоцијации.
Саемот за креативни индустрии се организира во два дела, од кои вториот ќе се одржи во
Битола на 23 ноември во Офицерскиот дом и киното „Манаки“.
Настанот е организиран од страна на Здружението „Балкан синема ситис“ во соработка со киното „Синеплекс“ и Културен и информативен центар – Битола, поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.