ДЕТСКИ ГЛАСОВИ ПО ЧЕТВРТ ПАТ ВО РЕСЕН

220

Повторно во програмата на „Преспанскиот јаболкобер 2023″ќе се одржи четвртата поетска манифестација ДЕТСКИ ГЛАСОВИ 2023 со следната програма:

*14 часот дружење на поетите и менторите во преубавиот манастир Свети Наум во с. Болно;
*Цветна штафета на мирот од почитуваниот господин Живко Поповски-Цветин;
*16 часот почеток на манифестацијата во спортската сала Зоран Стојановски во Ресен;
*Обраќање на градоначалникот на општина Ресен Г-дин Јован Тозиевски ;
* Промоција на стихозбирката “Детски гласови 2023” ;
*Литературно читање на песните од страна на децата учесници ;
*Доделување на збирки, пофалници и награди ;
* Прославување на четвртиот роденден на Здружението ЖАР ПРЕСПА Ресен со музички и танцови точки;
* 17:30 часот завршување на настанот.
Повелете заедно да го направиме овој ден посебен!

Задолжително треба да го потврдите своето присуство на тел:078899221

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.