МАКЕДОНИЈА СЕ СЕЌАВА: Тоше Проески е наше национално богатство за сите времиња

258

Поминаа 14 години, откако на денешен ден Македонија ги изгуби печајот со ангелски глас Тоше Проески, кој животот го загуби на 16 октомври 2007 година во трагична сообраќајна несреќа во Хрватска, на возраст од 26 години.
Освен богата ризница со хитови што ја остави, беше познат по својата хуманост, добротворна мисија и сплотување на луѓе, но и со чудотворна харизма.
Во чест на балканската музичка ѕвезда број еден, на местото каде се збогува со оваа реалност, кај Нова Градишка, на пат кон Загреб, пред два дена почна традиционалниот меморијален маратон од Хрватска до Крушево, кој денес заврши во неговото родно медот.
Петмина ултрамаратонци пред два дена од таму го започнаа симболичното истрчување на 15 километри од Нова Градишка, од местото на трагедијата, а уште 10 ултрамаратонци, својот маратон до Крушево и до Гумење го почнаа на 15 октомври, од граничниот премин Табановце, преку Скопје до Крушево.
Денес ултрамарантонците, кои крушевчани ги пречекаа со црвени рози, се поклонија во спомен обележјето на Тоше на Гумење.
Негово фанови од Балканот, од Русија, Бугарија и Хрватска пристигнаа во Крушево.
Во својата десетгодишна музичка кариера има снимено десетина албуми, на македонски, српски, хрватски и англиски јазик, и неговите песни се популарни низ целиот регион, каде кршеше бариери и често триумфираше на големи фестивали. Светските медиуми го нарекуваа “Балканскиот Елвис Присли”. Во негова чест се направени многу изложби, мозаици, уметнички креации, поетски и други дела.
Најпознат беше по љубовта кон дечињата и по изреката што често ја спомнуваше “Ве сакам сите”, а и беше сакан од сите на ниво на човек од семејство. Имаше поголема загонетна димензија.
Да беше жив, денеска ќе имаше 40 години. Неговиот прв официјален настап беше на Макфест во 1997 година кога со песната “Пушти ме” ја освои наградата на ФИДОФ за најдобар млад талент. Македонија ја претставуваше на Евровизија во 2007 година со песната “Life”. Постигна рекорд во три пати одржан концерт на Градскиот стадион. За своја биографска песна ја прогласи “Цреша”.

Валентина Ѓоргиевска Парго

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.