Промоција на книгата „Скриениот херој во секое дете“

2422

Здружението Новинари за човекови права денеска ќе ја промовира книгата „Скриениот херој во секое дете“.

На настанот ќе биде презентиран и проектот „Скриениот херој во секое дете“ спроведуван од декември 2018 година до јуни годинава. Како автори на книгата се јавуваат децата од Дневниот центар за деца од улица од Шуто Оризари, каде беа спроведувани активностите од членовите на „Новинари за човекови права.“

Проектот чија главна цел е ресоцијализација и интеграција на децата од улица во Шуто Оризари, е подгрант на проектот „Социјално зајакнување на млади во ризик“, на ХОПС – Опции за здрав живот, Скопје, финансиран од Европската комисија во рамки на програмата за граѓанско општество и медиуми 2014- 2015, со поддршка од регионални тематски мрежи на граѓански организации.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.