ОД МОЈ АГОЛ: “Млада к*рва, стара богомолка!”

161

“Млад к*рва стара богомолка” е едно правило во психологијата кое укажува на животниот пат, штетноста и последиците од водењето неморален живот кај млади девојки, од кое сите патишта водат во очајничко и ненадминливо каење во староста. Затоа понатаму се свртуваат кон БОГ со молитви и посветување на некаков си религиозен живот, со цел да го намалат себеобвинувањето и да им се олесни болката која ја чувствуваат во душата, а не е мала. И од која не е лесно да се ослободат.

Одат по манастири, се молат, постат, се причестуваат, даруваат на икони, се исповедаат, морализираат, и тоа “прочистување” трае ден два, а потоа се враќа на својата болка, која е како сенка.

Но, зошто го зборуваме ние сега ова овде? Од моја страна денеска сакам да посочам нешто што би требало да послужи како насока за младите и неупатени мајки и родители, кои своите талентирани ќерки упорно ги туркаат на естрада и на сцена, пред екраните или големото филмско платно.

Тој свет не лесен ни да се влезе во него, а ни да се опстои. И многу е опасен. Правила нема, а конкуренцијата е голема, а каде нешто нема правила битката е и безмилосна, подмолна и неочекувана. Згора на тоа кога ќе се додаде дека живееме и во суров машки свет, психичките ломови кај девојката понатаму се нешто од кое нема да може да се ослободи.

Навидум е сѐ блескаво и примамливо, осветлено од силните рефлектори, но во реалноста е тешко.

Секоја девојка која успеала да се издвои малку повеќе од другите, станува и попосакувана од другите. Не заради неа, колку заради самата аура што ја создава околу неа моќта на сцената и моќта на медиумите. Таа е обична како и сите, но тоа место таму ја прави да изгледа “посебна”. Привилегиите да се биде на позиција ѕвезда (независно дали локална или голема) се големи- добиваш внимание, љубов и пари од сите страни, сите врати ти се отворени, ти бираш и сѐ е наизглед суперволшебно.

Но тоа има своја цена голема. За да се задржиш таму каде што си, мораш да ги следиш правилата на тие над тебе, на менаџери, шефови, директори, спонзори и секако да се поврзеш со помоќни фигури кои ќе ти овозможуваат да останеш на тоа место, но тоа може само според нивни правила, желби, страсти, најчесто и ниски. Ако не ги исполнуваш, отпаѓаш.

Ќе ве излаже секоја “популарна сценска личност” особено популарна подолго време во континуитет, ако ви рече дека не е баш така. Цената е превисока. Некои од нив имаат и дури и изнајмувачи, а слободно ќе речеме и еден вид макроа,  или во најмала рака лица- паравани, со и зад кои се кријат.

Затоа моралните девојки брзо се откажуваат. За сезона, две и ќе ги снема.

Неодамна ми се пожали девојка која се обидела во тие кругови, поведена од желба да стане славна, но набрзо го напуштила тој свет разочарана, затоа што сѐ што видела таму, било, цитирам: “куплереј, висока проституција, неморал и местенки”. Еден целосен хаос.

Девојката, сакајќи да ја потврди пред себе си својата констатација ме праша дали е така, на што само ѝ одговорив дека:

-Добро е што си напуштила нешто што не го чувствуваш за блиско до тебе.

Друго и немав што да ѝ кажам. Сега, откако малку по малку ги отвораме сите скриени карти, како на пример со обелоденување на постоењето на групи грл во медиумите, можеби би било добро некоја “константна ѕвезда” да открие малку повеќе за своето минато од зад завесите, па со тоа да отвори очи на многу млади девојки, да не поминуваат низ истите трње.

Затоа што, главната замка на најголем дел од тие личности е што оставаат сосема лажен впечаток на среќни, хумани и морални жени, а зад тоа се крие чиста спротивност. А мора да прикаже таков лик пред јавност од причина што сепак живеат и зависат од публиката и многу е битно колку ќе ја подзалаже публиката, со своите скриени намери и со своите видливи дејствувања.

Тоа е пресликан модел од Холивуд каде за да се успее сите ѕвезди биле принудени на разврат. Принудени од себе, не верувам дека некој насила ги принудувал.

Симпатичната Дру Баримор едно време се отвори и кажа низ што сѐ поминувала за да добие улога во филм, и покрај тоа што е потомка на филмски легенди и едни од основачите на Холивуд и светот на кинематографијата. Толку била препуштена на разврат и фотографирање на фотографии на кои е гола, што славниот Спилберг ѝ возвратил со една нејзина фотографија на која било намонтирана облека и ѝ напишал: “Јас вака те замислувам, закопчана до гуша!”

– Само тој ме гледаше како да ми е татко, додека другите ме шетаа од кревет во кревет!, ќе се присети Дру.

Но, поентата ми е дека- денес е лесно да се создаде лажен имиџ пред јавност кога имаме хаос со сите видови на медиуми, потплатени новинари, лажливки уреднички и уредници, социјални мрежи на кои најважно е само добро да изгледаш, впрочем и речиси нема ѕвезда која нема лажен имиџ во јавност, но својата психа една жена не може да ја излаже, кога тогаш и таа ќе го каже својот збор. А нејзиниот збор е последен! И многу измачува.

Затоа, со време поштетете ги своите млади ќерки да не минуваат низ синдромот “Млада к*рва, стара богомолка” кој се смета за еден од најтешките во психологијата.

А ѕвездениот статус исчезнува со првото затемнување на рефлекторите, со првите брчки и со доаѓањето на староста…

Сѐ поминува, само каењето е вечно!

 

Валентина Ѓоргиевска Парго 

Новинар и уредник во КулАрт

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.