Комуникациски вештини – Моќ и манипулација

912

Извадок од книгата „ Кажи ми да ти кажам “ -комуникација и развој на комуникациските вештини кај младите од авторот М-р Татјана Гогоска 

Како да ја „преземете контролата во секоја комуникација и „како да ги натерате луѓето да го прават тоа што го сакате „како да ја развиете магнетската привлечност“ и слично? Ова се клучните прашања во делот на моќта на комуникацијата и развојот на комуникациски вештини и затоа  многу често се и поставувани прашања. Со сè што правиме влијаеме на другите луѓе дури и без свое знаење или намери, па дури некои автори ќе речат:„бидејќи тоа и така го правиме зошто да не го правиме смислено и од тоа да произлезе нешто добро за нас?

„Комуникациските вештини се важни во човечките односи затоа што со невнимателна комуникација можеме да направиме многу недоразбирања и проблеми. Но, сепак треба да имаме на ум дека понекогаш многу е тенка границата меѓу свесното користење на комуникациските техники со цел подобрување на односите и комуникацијата како свесна манипулацијата со цел. Во такви случаи целта најчесто е влијание на другата личност да направи нешто што ние би сакале да го направи, а можеби таа  тоа  не го сака вистински или што е почест случај кога не е запознаена со нашите намери. Честопати родителите применуваат разни техники и вештини на комуницирање без да водат сметка за нивното дете. Тоа го прават и заводниците, а и оние што сакаат да нè натераат нешто да прифатиме, а не ја знаеме целата ситуација и во деловната комуникативна претпоставеност.

Тогаш комуникациските вештини преминуваат од моќ во манипулација, која има негативни последици.

Кога правилно ги користиме комуникациските вештини, тогаш другата личност кон која ја насочуваме подобро се чувствува и мисли и тогаш од таа комуникација произлегува нешто добро. Кога ја користиме за манипулација никогаш не произлегува нешто добро.     Но, пред сè, доброто да е вистински добро, другата личност треба да знае со која цел комуницираме, а не да имаме можност со неа да манипулираме. Најголем показател на манипулацијата е незнаењето. Всушност незнаењето на некоја ситуација, состојба, непознавањето на материјата доведува до манипулација. Зошто најчесто се вели дека е најлесно да се манипулира со тие кои не знаат за што станува збор или не ја знаат материјата за која се работи. Ако сакаме со некого најмногу да манипулираме тогаш го држиме во незнаење и лаги кои доведуваат до погрешно сфаќање на состојбите и затоа тоа не е комуникациска вештина туку манипулација. Многу е тенка линијата меѓу исправна комуникација и манипулација. Манипулацијата е резултат на моќта што ја добиваме кога со некого комуницираме, кога се чувствуваме моќни, привлечни, владееме со ситуација и слично. Што постигнуваме тогаш? Каква е нашата потреба за тоа? Зошто се чувствуваме дека вредиме само ако имаме моќ над другите? Дали тоа нè прави посебни? Правилната комуникација и комуникациска вештина доаѓа од внатрешната наша стабилност која ни дава поттик да знаеме како да комуницираме за да останеме мирни однатре и моќни во комуникацијата кон други, било тоа да е поединец, група или маса. Претераната потреба од моќност ни укажува на несигурноста во нас која ако не се контролира може да нè издаде во невербалната комуникација, до претерано движење на рацете, мимика на устата, црвенило на лицето и движења кои ќе нè издадат дека сакаме не да комуницираме туку да манипулираме со поединецот или групата. Кога сме ние тие кои сме манипулирани знаеме како да ги одредиме знаците на невербална комуникација и од кој миг ќе нѐ натераат да размислуваме дали соговорникот сака да манипулира со нас или искрено сака да ни го пренесе своето знаење или да ни наметне свој став ама во наш интерес. Можеби едноставно да нѐ натера да размислуваме за некоја појава или состојба како таа личност самата посакува.

Многу е полесно да се живее отворено и искрено отколку постојано да контролираме и глумиме нешто што не чувствуваме вистински, постојано да водиме сметка другите да не нè откријат, непрестајно да се плашиме нешто да не пропуштиме или дека нешто ќе се случи. Дали моќта е вредна за толку труд или, пак, тоа укажува на некои внатрешни проблеми. Некогаш секој од нас сака да биде заведен, да види како другите реагираат на нивните игри, дали можат самите да ги примат и да играат по нивното барање. Некогаш тоа го правиме кога таа личноста многу ни значи или кога чувствуваме вистински дека сакаме да ја натераме на некој начин да мисли како нас или да направи како што ние сакаме. Затоа кога користите комуникациски техники, прашајте се дали ги користите да ја скриете вашата вистинска намера и правите чувства или на попристапен начин да се изразите. Секогаш кога ги користиме комуникациските вештини за да избегнеме да бидеме природни и искрени кон другата личност се оддалечуваме од сопственото вистинско битие, вистински чувства и можноста да се засакаме себеси. Но, има и друг сегмент, во таков случај сепак вашето однесување кон друга личност на нечесен манипулативен начин ве оптоварува и во иднина ќе биде во вашата потсвест и нема да можете да се засакате себеси толку за да можете поискрено да комуницирате со другите, знаејќи дека сте ги искористувале другите.

Цената на привидната моќ над други, дури и ако ја постигнеме, е безвредна затоа што нè доведува до состојба во која не можеме да се опуштиме и да бидеме тоа што сме. Тоа е затоа што ќе бидеме под притисок да продолжиме да одржуваме привид, по правило не само во однос на други туку и една многу болна состојба: „над себеси “. Тоа е најсуров бумеранг ефект од другите кон себеси. Има еден факт дека луѓето кои ги користат комуникациските вештини за да манипулираат со другите никогаш не се вистински среќни и не се самопочитуваат. Цената на неискреното користење на комуникациските вештини,  а тоа е манипулација и нејзината моќ има краткотраен ефект, а тоа е вашето самопочитување,па колку и  да негирате и оправдувате, свесни сте дека не постапувате чесно.

Од друга страна пак,постојат луѓе кои зрачат со вистинска привлечност. Нивната харизма произлегува од здравата љубов кон себе, уживање во сопственото тело и сопственото постоење. Кога тие искрено користат вештини во комуникација секогаш од тоа излегува само добро, не е можно да излезе ништо лоша за никого кој е вклучен во таа комуникација.

Посебно важни издвоени сегменти во овој дел се :

-Изградување на личноста преку комуникациски вештини за заштита од политичка комуникација и манипулација

-Што станува со политичката манипулација преку употреба на разни комуникациски средства, пред сè јавните медиуми како и летоци, пропаганден материјал, усна политичка манипулација?

-Размислете и одлучете како мислите дека можете да се заштитите од манипулацијата спакувана во вешта комуникација?

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.