Утре, регионална конференција на ЗНМ во собрание на Р. С. Македонија

91

Утре, 26 ноември (петок), во Собранието на Р. Северна Македонија, ќе се одржи регионалната конференција на тема ,,Подобрување на дијалогот меѓу парламентите и новинарите од Западен Балкан” која е во организација на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) со поддршка и во соработка со Собранието на Република Северна Македонија, на која ќе има високи претставници од параламентите од Црна Гора, Р.Србија и Р. Босна и Херцеговина.

На настанот изјави ќе дадат претседателот на Собранието на Р.Северна Македонија, Талат Џафери и претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, а ќе биде потпишана и декларација за унапредување на дијалогот меѓу парламентите и новинарските здруженија од Западен Балкан

Прес конференцијата за медиуми е закажана  во 13.30 часот во Кристална сала.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.