МБУЦ и Филхармонија бараат итна реакција

25

Факултетот за музичка уметност, ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ и Филхармонијата најостро реагира на скандалозните активности за узурпирање на јавниот простор помеѓу објектот на ФМУ, ДМБУЦ „Илија
Николовски Луј“ и Филхармонијата. Имено просторот околу двата објекта се оградува за вештачки да се создаде пат/улица за тешката механизација
која треба да го исфрли шутот од изгорениот обект на поранешната Комерцијална банка. За таа цел ќе бидат исечени дрвата, ќе биде уништен плочникот и ќе се доведе во прашање безбедноста на двата објекти. Ова не само што може да нанесе трајни последици во однос на безбедноста на објектите, туку и целосно ќе го попречи функционирањето на овие институции. Во подрумските простории кои се веднаш под овој отпеден „коридор“ се држи настава. Последиците од можна хаварија односно
попуштање на слојот кој е предвиден за пешаци, а не за камиони се повеќе од реални. Веќе се чувствува наршената статика во балетските сали кои се дел од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“.
Работите се во пол ек (претпразнично) што дополнително ја доведува во
прашање оправданоста и почитувањето на прописите кои се применуваат во
оваа сфера.
Поради тоа најостро реагираме и бараме итно и неодложно стопирање на градежните работи и почитување на основните норми на градење замајќи во предвид дека се работи за образовани институции т.е. за ученици и
студенти, за нивното здравје и нивната безбедност.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.