Финското образование видено низ искривеното огледало на „северните од Балканот“

793

Финска, е една од најсеверните земји во Европа (Suomi, Finland или Република Финска е нордиска земја, заобиколена со Балтичко Море на југозапад, Финскиот залив на југоисток и Ботнискиот Залив на Запад. На копно, Финска се граничи со Шведска, Норвешка и Русија, а по вода, се граничи со Естонија. Оландските острови во близина на југозападниот брег се под Фински суверенитет но имаат и екстензивна автономија. Името на Финска, на фински јазик е Суоми, додека на шведски и англиски е Финланд. Финска има само 5 милиони население, сместено на територија на триста и четириесет илјади квадратни километри, што ја прави 162 по густина на население во светот. Се рангира тринаесетта во индексот на човечки развој на Обединетите Нации.

Најголемиот дел на Финска е низок, благо ридест, шумовит крај со многу езера. Има околу 60.000 езера а реките се користат за пренесување на дрва. Големо економско значење имаат и пловните канали. Најголемо природно богатство се шумите и затоа главно место во индустријата зазема преработката на дрва, производството на хартија, мебел  и целулоза. Во густо населената приморска област се развил Хелсинки, главниот град и најголемо пристаниште, со развиена индустрија. Финците припаѓаат на угро-финската група народи и зборуваат фински јазик. Од 1995 година Финска е членка на ЕУ.

Хелсинки е најголем град во Финска. Се наоѓа во западниот дел на државата и е сместен на 80 километри северно од Талин, главниот град на Естонија, 400 километри источно од Стохолм, главниот град на Шведска, 390 километри западно од Сант Петесбург во Русија. Со ваква поставеност, градот прави тесна историска поврзаност со сите три града. Го нарекуваат „Ќерка на Балтикот“. За него е многу фасцинантен податокот дека е сместен на 315 острови распослани околу центарлното градско подрачје.

Во најсеверниот дел на Финска се наоѓа  Лапонија или Лапланд ( Lappi, Lappland) кој воедно е најголемиот и најсеверниот регион во Финска. Општините во него се здружени во регионален совет. Се граничи со Северна Остроботнија  на југ, Ботнискиот Залив, окрузите Норботен (Шведска) Финмарк и Тромс (Норвешка) како и Мурманската област во Русија .

Токму таму е волшебното село на Дедо Мраз, од каде ТОЈ, секоја година тргнува со своите придружници Ирвасите да ги израдува граѓаните на светот.

Од Хелсинки главниот град на Република Финска до Скопје, главниот град на Република Македонија, има точно 2968 километри и ако ги додадеме тие двестотини км. до јужната граница на Македонија и оние 800 до најсеверниот дел на Финска, вкупно некаде повеќе од 4200 километри оддалеченост. Сигурно се прашувате зошто овој географско-историски голем вовед , иако не е на одмет да се знаат повеќе инфрмации. Но, сето ова како потсетување дека не само Дедо Мраз и неговите помошници Ирвасите доаѓаат кај нас. Со посредство на интеретот и компјутерската технологија, информациите се достапни во мигот секогаш и секому (кој сака да научи нешто).

Затоа, несмасно и понижувачки е кога “северната власт“ на нашата сакана татковина Македонија , се обидува преку лажни информации да ни престави искривен приказ за еден многу чувствителен и важен дел од нашиот живот а тоа е образованието. Можеби и не залудно изборот паднал на Финска, сигурно затоа што е најодалечена Европска земја од кај нас, па мислеа дека НАРОДОТ  покрај тоа што е делумно слеп е и прилично глуп (а не е), мислејќи дека ако манипулираат со некоја фина средена држава во случајов Финска ќе треба да им се поверува. За жал немоќта, незнаењето, лагите и манипулациите се со краток век на живеење. Очигледно заборавија дека во нашава Татковина со големо М- Македонија има НАРОД кој е  образован и не наседнува на  лагите кои ги сервираше неспособната северна влада, а згора на тоа и демантот од Финското МНР.

И сега до фактите ! Јас пред  13-тина години бев во посета на Финска и меѓу другото посетив две училишта и го запознав фантастичниот, среден образовен систем на оваа фина држава. Ако тргнеме од тоа дека од предучилишно образование до докторат образованието е бесплатно и секој се школува онолку колку сака. Ако не сака да продолжи, средената фина држава Финска му наоѓа работа според степенот на образование, и ти тоа веднаш и одма!

Потоа ако ги погледнете нивните училишта, од било кој степен на образование,  тие се вистинска оаза на убавини,чистота, среденост и креативност.

А што се однесува до предметите, учениците до 3 -4 одделение, учат мајчин јазик математика , и пред се развој на креативноста и хуманизмот. Но, потоа како дел од основната програма се историјата, географијата, природните науки , странските јазици се до крајот на средното образование. Да станеш жител на оваа северна, многу фина земја, Република Финска покрај тоа што треба да живееш 10 години, треба да положиш државен испит кој се состои во фински јазик и историја. Мора да ја знаеш историјата на земјата што ти е твој ДОМ. А што се однесува до нивната Историја, без комплекси и Балкански превирања, Финците учат за своите почетоци кои датираат од 8500 година п.н.е веднаш после леденото време , потоа периодот до 13 век кога била дел на Шведска , па го учат оној на Карло Велики, чиј споменик сум го сретнала и во Хелсинки (Финска) и во Копенхаген (Данска) и во Гетеборг(Шведска). Не се срамат од својата Руска историја и нормално ја слават и почитуваат 1917 година кога ја прогласиле својата независност.

И така „драги мои“,  “северни  од Балканот “, кратко за крај: не секој знае и умее!

 

М-р Татјана Гогоска 

 

 

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.