Охрид: Промоција на Алманах и ДВД со роднокрајни автори

15

Во четврток на 20 јуни 2024 во 11 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Втората годишна средба на роднокрајни автори.

Со гордост, како Библиотека најавуваме дека на овој настан ќе бидат промовирани: АЛМАНАХ со поетско- прозни творби од 41 роднокраен автор и ДВД издание РОДНОКРАЈНИ АВТОРИ- АУДИО ЗАПИСИ 2024.

Во ДВД- то се застапени шест автори: Мирко Томовски, Марина Икономова – Шокева, Марина Шикова- Димовска, Јордан Коцевски, Маја Мојсова и Сашо Димоски.

Покрај аудио интервју со секој од нив ДВД – то содржи биографии од сите автори, избор од нивното творештво и фотографии.

Уредник и автор на проектите е м-р Милчо Јованоски- директор на Библиотеката. Проектите се дел од Годишната програма на Библиотеката за оваа 2024 година, финансирана од Министерството за култура.

Промотор на Алманахот ќе биде Мирко Томовски а на ДВД изданието Марина Шикова.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.