Соопштени најдобрите афористичари на „ПОЛИТИКОМАНИЈА“

1165

Жири-комисијата на Конкурсот “Политикоманија “ ги соопшти наградените. Првата награда  му е доделена на Марјан Ангеловски од Скопје, второнаграден е Витомир Долински од Струга, а третата награда е за  Атанас Крлевски од Велес.

На конкурсот  биле пријавени  19 афористичари, од кои еден од странство, па неговите афоризми беа вон конкуренција за наградите. Авторите до жири комисијата по Конкурсот  доставиле вкупно 26 пратки со афоризми на зададената тема, од кои комисијата навистина имаше пријатно задоволство да ги избере најдобрите.

Покрај првите три награди, жири-комисијата додели и пофалници за афористичарите Георги Хаџи Васков од Скопје и Љубинка Донева и Јане Атанасов од Кочани. Златна плакета доби и Васил Толевски за неговиот особен придонес за развојот на македонскиот хумор и сатира.

Дипломите и пофалниците на наградените автори ќе им бидат доделени на Седмата вечер на македонскиот афоризам „Кочани 2019“, што ќе се одржи на 29 март.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.