Зоран Арсовски – Бабата со златна плакета за свое дело

182

Академскиот ликовен уметник  Зоран Арсовски – Бабата, магистер по сликарство е добитник на наградата Златна плакета за освоено прво место” на конкурсот кој беше распишан од страна на Институтот за култура и уметност при Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин” со наслов „Перото – инспирација за уметничката четка”. Конкурсот е подржан од Министерство за култура како проект од национален интерес за 2021 година.

Навистина скромноста ги краси големите луѓе па така и Арсовски е еден од таквите современи визуелени уметници кој инспирација добива од секојдневниот живот, широкиот дијапазон и контакт со луѓето, случувањата поврзани со природата и  вселената, преточени во уметнички дела, вели организаторот. 

На конкурсот пристигнаа преку 300 дела а стручното жири имаше тешка задача за избор на наградите. Сите пристигнатите дела учествуваа на изложба која ја отвори Проф. Д-р Соња Ризоска Јовановска, директорот на Институтот за култура и уметност.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.