Се одржа Skopje air fair 2023

43

Здружението за подобро воздухопловство АВИКОН од Скопје, денес го одржа третото издание на SKOPJE AIR FAIR 2023. Овој настан е воздухопловно едукативен саем со покровителство на Град Скопје и претставува шанса за младите да дознаат повеќе за најразличните професии во воздухопловството. Учесници на саемот се:

– Воздухопловната академија од Белград – Србија

– Европскиот институт за авијација од Романија

– ТАЕ Воздухопловна академија од Грција

– Агенција за цивилно воздухопловство на на РС Македонија

– ТАВ Аеродроми

– Воздухопловната федерација на Македонија

– Аероклуб Скопје

– Римин Ер

– Аероклуб Штип

– Тренинг центар за пилоти на Балони ,,Мимакс Балон”

– Воената академија

– Хеликоптерска единица при Министерство за внатрешни работи

– Ад Вербум (сеетифоциран ТЕА тест центар)

– Макетарски клуб „Мајор Михајло Ивановски – Микс“

– Народна техника

– Dronbuzz воздухопловни услуги

– Професионални воздухопловни здруженија како и организаторот, Здружението за подобро воздухопловство АВИКОН од Скопје.
Поддржувачи и пријатели на АВИКОН SKOPJE AIR FAIR се Град Скопје, Армија на РС Македонија, Министерство за внатрешни работи, Општина Карпош, Сити радио, Оф-нет, Спорт1, Пакомак, Дамла Подкаст, Универзитет Скопје, IPS и Ладна Вода.
Настанот SKOPJE AIR FAIR 2023 е денеска (28.Октомври) во Градскиот Парк во Скопје пред Школка.
Линк до настанот:

Skopje Air Fair 2023

https://fb.me/e/1AzWRQyly

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.