Марио Бионди доаѓа во Скопје

55

За прв пат во Македонија, Марио Бионди ќе го претстави својот нов албум „Романтик“ на концерт на 12 јуни пред Винарија Камник со почеток во 21 часот.

Ќе биде тоа едно сосема различно музичко искуство со раскошниот и уникатен италијански вокал, кој воедно е и светска ѕвезда.
Овој пејач и текстописец со раскошен и уникатен глас ќе го претстави својот нов албум „Романтик“ издаден во март а создаден во соработка со фантастичните музичари Масимо Грек и Давид Флорио. Проектот „Романтик“ е целосно посветен на љубовта, изразена преку специфичниот свет на Марио исполнет со звуци од седумдесеттите.
Марио Бионди е италијански пејач и кантавтор со силен и уникатен глас, кој оправдано го споредуваат со Бери Вајт. За него уште се вели дека е икона и уметник кој ќе остави единствен белег на музиката на 21 век!
Првиот деби албум го издава во 2006 година и оттогаш има безброј продадени албуми и распродадени концерти низ светот. Музичките потфати на Бионди му дадоа можност да настапува заедно со италијанските великани како Калифан, Бонгост и Фиорел, како и со американската легенда Реј Чарлс и Чака Кан.
Концертот на Марио Бионди се организира во соработка со Musicology Sessions
Врати отворени: 20 часот
Почеток на концертот: 21 часот

Картите се во лимитирана количина и достапни на https://mktickets.mk

Валентина Ѓоргиевска Парго

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.