Маестрален концерт на маестро Зубин Мехта во Македонска филхармонија

26

Аплаузи и овации на крајот од  концертот на врвниот светски диригент Зубин Мехта, кој го предводеше белградскиот симфониски оркестар, ансамбл кој предводи со својот квалитет во регионот.

Големата сала на Македонската филхармонија, овој пат исполнета до последно место, со извонредна организација на домаќинот, одлична акустика за едно севкупно феноменално доживување.

Фото: Нова Македонија

Концертот во Скопје го затвори кругот од три последователни концерти во рамките на иницијативата на „Отворен Балкан“: Белград, Тирана и Скопје, за „поттикнување на моќта на културата и креативноста и нејзината единствена способност да ги зближи луѓето во дух на меѓусебно разбирање и почит”.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.