Во декември 1911-та година, експедицијата на норвешкиот поларен истражувач Роалд Амундсен стапи на Јужниот Пол

19
Во декември 1911-та година, експедицијата на норвешкиот поларен истражувач Роалд Амундсен стапи на Јужниот Пол, дотогаш неосвоена точка на нашата планета. Еден месец подоцна тоа го направи и англискиот истражувач Роберт Скот.
Кој е Роалд Амундсен?

Роалд Енгелбрегт Гравнинг Амундсен (норвешкиRoald Engelbregt Gravning Amundsen6 јули 1872 – о. 18 јуни 1928) — норвешки истражувач на поларните региони. Како водач на Антарктичката експедиција од 1910-1912 г, станал првиот човек кој стигнал до Јужниот Пол (14 декември 1911) и бил клучен експедициски водач во тек на херојското доба на истражување на Антарктикот. Во 1926 година, тој бил првиот водач на експедиција за прелет на Северниот Пол, со што станал првиот човек кој стигнал на двата пола.[2][3] Познат е и по експедицијата за поминување на Северозападниот приод (1903-06) на Арктикот.

Исчезнал во јуни 1928 година учествувајќи во мисија за потрага и спасување на италијанскиот аеронаутички инженер и истражувач Умберто Нобиле.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.