Промоција на книгата „Денот кога заборавивме да плачеме“ од Магдалена Стојмановиќ Константинов

60
Книгата „Денот кога заборавивме да плачеме“ е кратка проза на Магдалена Стојмановиќ Константинов. Збирката содржи 9 раскази, од кои 8 се напишани од авторката, а еден од расказите во збирката е генериран од софтвер на вештачка интелигенција. Задачата на читателот ќе биде да се обиде да одговори кој од расказите не е на авторот. На тој начин со помош на книгата се ангажира читателот во поширок експеримент на демаркација на човечкото авторство и производи на ВИ.
Носечкиот расказ во збирката се однесува на исповед на Зерина, скоро 30 години по војната во БиХ. Зерина е трагичен лик преку чија приказна се опишува суровоста на војната, но и нејзините последици по цивилите, семејствата и поединците. Зерина е домаќинка која живее од полјоделство на територијата на Зворник кога почнува војната. Како самохрана мајка на две малолетни дечиња кои ги добила едното од брак со Иво Веселиновиќ и другото во брак со Хасо Хаковиќ, е во постојана борба да им обезбеди материјални услови за егзистенција на децата. Таа се справува со сиромаштија, беда и глад, но и со осудите од социјалнта средина поради двата брака, од кои едниот е мешан брак со Србин.
Во моментот кога почнува војната таа не знае кој војува, ниту за што се војува. Една вечер во нејзиниот дом, додека спие со своите малолетни дечиња, на нејзината врата се појавуваат 3 непознати и недобредојдени гости кои целосно ја менуваат нејзината судбина.
Сепак по излегувањето од лудница, таа доаѓа директно кај Сеад да побара казна за тоа што таа го направила. Од нејзиното интервју со водителот на ТВ Имагинариум дознаваме и за судбината на нејзините деца и за нејзината мајчинска жртва која е толку јака што и по сите раскинувања на контакт со нејзините веќе полнолетни деца, таа има намера само да направи што е можно повеќе за нивната среќа.
Водителот Сеад вешто ја води хронолошки приказната. Од публиката постојано се довикуваат навреди на сметка на Зерина од страна на луѓе кои се претставуваат дека ја познаат. Тие извици ја покажуваат малограѓанштината и стереотипите на кои човечките суштества се жртви. Во целиот разговор, за жал најмногу емпатија и заштитнички однос покажува Сеад, водителот кој впрочен е ХОЛОГРАМ.
Останатите приказназни се апоретични и тие немаат дејство, ниту разврска. Читателот е внесен во еден контекст од кој треба да извлече поука за односот на човечката и вештачката интелигенција. И покрај тоа што расказите изгледаат како критика на човечката интелигенција наспроти човечката, тие всушност покажуваат колку ВИ и човекот се блиски наместо во конфронтација и натпревар.
Рецензенти на книгата се: Проф. д-р Анис Сефиданис и проф. д-р Лазе Трипков кој воедно е и промотор. Лектор е Јасмина Осифесо, а модератор на промоцијата е д-р Панче Велков, директор на Музеј на град Скопје.
Освен на промоцијата книгата може да се набави и во новата кафе книжарница и галерија „Чудна шума“ кај Универзална сала.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.