Трите коњи од видот на Монголски степски – Пржевалски коњи  се отруени со брзоделувачки отров- соопштуваат од скопската ЗОО 

122

Официјалните резултати од обдукциските наоди на трите коњи што неодамна угинаа во Зоолошката градина во Скопје покажуваат дека, трите коњи од видот на Монголски степски – Пржевалски коњи  се отруени со брзоделувачки отров- соопштуваат од скопската ЗОО.

Резултатите од обдукцијата се доставени во МВР и во Агенцијата за храна и ветеринарство за понатамошно постапување. ЗОО Скопје поднесе и официјална кривична пријава, а по сторителот активно се трага и се проверуваат сите снимки од безбедносните камери.
Ваквиот срамен и кукавички чин силно го осудуваме и апелираме до МВР и Обвинителството да постапат што е можно побрзо со цел санкционирање на сторителот.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.