1 ноември низ историјата во светот- 1946 година, ООН го формираа УНИЦЕФ

11

1512 Таванот на Систинската капела во Ватикан, насликан со фрески од Микеланџело, за првпат ѝ е претставен на јавноста.

1755 Во катастрофалниот земјотрес проследен со цунами што го зафатија Лисабон загинаа 60.000 луѓе.

1943 Единици на бартаљонот „Мирче Ацев“ по двочасовни борби со германските единици и со балисти по вторпат го ослободуваат Кичево.

1946 Обединетите нации формираа Меѓународен фонд за помош на децата (УНИЦЕФ).

1952 Американците ја активираа првата пробна водородна бомба на островот Ениветок во Тихиот Океан.

1954 Во Алжир започнало востание против францускиот колонијализам, кое по 8 години резултирало со независност. По тој повод 1 ноември е прогласен за национален празник на Алжир.

1973 Од ранжирната станица Трубарево тргна првиот електричен воз во Македонија.

1981 Антигва и Барбуда добива независност од Велика Британија.

1993 Стапува во сила Договорот од Мастрихт, со што се создава Европската Унија.

1998 Создаден е Европскиот суд за човекови права.

Извор Википедија на македонски јазик

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.