“Танец” вечерва ги стоплија душите на присутните

10
Скопје, 30 јуни 2022
Вечерва, во Сули Ан, Ансамблот “Танец” го одржа својот традиционален концерт кој секое лето го одржува на “Скопско лето”.
Во инспиративниот амбиент на Сули Ан во скопската Стара Чаршија, златните грла на македонскиот фолклор, изведоа репертоар на кој присутните не останаа рамнодушни, и цело време ги следеа со аплаузи и воздишки на одупевеност.
На овој  концерт на хорот и оркестарот на „Танец“, се претставија со една разновидна програма од нивниот богат вокално-инструментален репертоар што ја одбележа оваа концертна сезона, а кој е составен од творби и од селската и од градската фолклорна традиција.
Со бисерни песни ги разнежнија и стоплија душите на присутните, кои со внимание ги следеа интерпретациите на песните  „Море, да сум сонце“, “Лено, Јелено“,  „Ој јаворе, јаворе“, „Димитрија, деј гиди, џанам“, „Анушо бела, црвена“, „Што си толку Лено гајлелија“, „Учи ме мајко, карај ме“, како и други.
Нашата фолклорна гордост, нашиот најреномиран и најпознат Ансамбл, секогаш одново одушевува со својот репертоар, изведби и негувањето и пренесување на македонскиот музички  и културен бит, отконат од богатат традиција.
Прекрасните изведувачи и изведувачки  на “Танец” беа придружувани од изворниот и народниот оркестар.
 Концерт кој ќе остане во паметење и воедно и инспирација уште отсега да се очекува следниот, за една година, на истата манифестација!
“Здравје боже”, што би рекол нашиот народ.
Валентина Ѓоргиевска Парго
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.