Куларт кујна- Ќофтиња од тиквички во комбинација со освежителен сос

2429

Потребни состојки за тиквичките

-3 поголеми тиквички

-15 грама сирење

-2 јајца

-презла (брашно)

-зачини по вкус

За сосот

1 павлака

200 гр мајонез

лук исецкан

магдонос и зачини по вкус

Начин на подготовка

Тиквичките ќе ги изрендате на покрупно ренде и ќе ги замесите со јајцата, сирењето, малку презла (брашно) и зачини. Ќе ги месите додека не се направи хомогена смеса. Правете ќофтиња и извалкајте ги во презла и пржете на јак оган. Поредете ги да се исцеди вишокот зејтин од нив.

За сосот: Павлаката со мајонезот, лукот измешајте го убаво  да се добие хомогена маса . Може да додатете и малку сенф. Одозгора ставете ситно сецкан магднос,

Убаво сервирајте и пријатен ручек!

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.