Потпишан меморандум за соработка меѓу министерството за економија и националната платформа за женско претприемништво

166

Министерот за економија Крешник Бектеши, денеска потпиша Меморандум за соработка со претседателката на Националната платфрома за женско претприемништво Валентина Дисоска.

Целта на Меморандумот за соработка е активно вклучување на сите засегнати страни во спроведувањето на Стратегијата за развој на женското претприемништво и подигнување на степенот на соработка во иднина, што ќе придонесе за економско јакнење на жените преку создавање на поволна бизнис клима и обезбедување системска поддршка и инфраструктура за развој, поддршка и промоција на женското претприемништво со што ќе се придонесе кон развојот на постоечките и отворање на нови претпријатија, креирање на нови работни места, а со тоа и јакнење на целокупната економија.
По потпишувањето на Меморандумот, целокупната понатамошна стратегија и натамошни активности беа презентирани пред претставниците на медиумите.

Крешник Бектеши-Министер за економија

„Министерството за економија препознавајќи го значењето на женското претприемништвото, почнувајќи од 2012 година, веќе десет години по ред реализира Мерка за финансиска поддршка за жени претприемачи, со која во овој временски период се субвенционирани, 179 компании во сопственост и управувани од жени со вкупно 17.261.252 денари. За поддршка на женското претприемништво во 2018 година ја донесовме и Стратегијата за развој на женското претприемништво во Северна Македонија 2019 – 2023 година со која се потврди определбата на Владата да продолжи со своите мерки и активности во насока на поддршка и развој на жените претприемачи“ кажа министерот Бектеши по потпишување на Меморандумот.

Министерството за економија во соработка со другите надлежни владини институции, и невладиниот сектор ја спроведува Стратегијата за развој на женско претприемништво, а промоцијата на женското претприемништво, вмрежувањето и застапувањето е еден од приоритетите на Стратегијата. Поради тоа, потребно е да се развиваат и поддржуваат здруженија кои работат на полето на женското претприемништво и при тоа да се воспостави процес на застапување на нивните интереси спрема јавниот сектор. Со овој Меморандум Министерството за економија воспоставува соработка  која ќе има за цел економско јакнење на жените преку остварување на стратешките цели и имплементација на мерките и активностите предвидени во рамки на Стратегијата за развој на женско претприемништво“ кажа министерот.

Валентина Дисоска, претседателка на Националната платформа за женско претприемништво истакна дека креирањето  на Националната платформа за женско претприемништво и потпишувањето на овој Меморандум за соработка доаѓа како сублимат на активното работење на полето на јакнење на женското претприемништво во изминатите 10 години.

„Како резултат на соработката со Министерството за економија произлезе Националната стратегија за женско претприемништво во која еден од стоболвите е активна промоција за раст и развој на женското претприемништво. Активно работиме да ја подобриме состојбата на жените претприемачи како и инфраструктурата за развој на женското претприемништво“ -кажа Дисоска.

Таа на прашањата од медиумите посочи дека според законските регулативи, нема никакви пречки во однос на вработувањето според родова припадност. Но, на терен работните места се делат на женски и машки. Тоа е оној невидлив стаклен плафон во кој жената стигнува до одредено ниво на развојот, но никогаш не оди на највисоко ниво во компанијата. Од истражувањата се гледа дека има разлика од 17,2% во приватниот сектор помеѓу платите во корист на машкиот пол – потенцираше Дисоска.

Затоа и креирањето на Националната платформа произлезе од потребата за дијалог, структура, соработка и доверба за женско претприемништво со локалната и националната власт, со цел економско зајакнување на жените, вклучувајќи ги и младите и жените во руралните средини. Фокусот е насочен кон зголемување на еднаквоста и промовирање на инклузивен и одржлив економски раст. Платформата, додаде, има за цел да обезбеди неопходна основа да влијае врз вкупниот развој на женското претприемништво во целата земја, вклучувајќи ги и процесите за ЕУ интеграција. Таа е отворена и жива организација во која засега членуваат повеќе од 40-тина организации ,рече Дисовска.

Националната платформа за женско претрпиемништво е креирана од четири организации : Здружението на бизнис жени, Сојуз на стопански комори на Македонија, Национална федерација на фармери и МИР- Фондација за менаџмент и индустриско истражување а кофинансирана и подржана од ЕУ.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.