“Иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор“

24
Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија, на 17 јуни 2022, го реализира почетниот состанок (kick-off meting) во рамки на проектот: „Иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор“ со акроним „IDEAS“. Со тоа се означува и официјалниот почеток на проектот.
На работниот состанокот присуствуваа претставници од  партнерските организации од Американското земјоделско училиште од Солун, Грција, како и од Мрежата за рурален развој
од Скопје.
На состанокот,  присуствуваа и претставници од Заедничкиот технички секретаријат од Солун, кои ќе ги
мониторираат проектните активности.
 Проектот „IDEAS“ е аплициран во Вториот повик на ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка „Грција – Република Северна Македонија, за програмскиот период 2014 – 2020” и е финансиран од Европската Унија и Националните фондови на земјите учеснички.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.