Годинешново издание на Еко фестивал на планински филм ќе се одржи од 5-9 октомври

422

Најновото издание на Ехо – фестивалот на планински филм ќе се одржи од 5-ти до 9-ти октомври, а локацијата и програмата ќе биде објавена во наредните неколку денови.

Во меѓувреме Ехо -Фестивал на планински филм, во почетокот на овој месец стана член на Меѓународната алијанса за планински филм “IAMF-International Alliance for Mountain Film ” ,на состанокот на Генералното собрание на оваа организација, одржан на 2.ри септември 2020та во рамки на 68.мото издание на Фестивалот за планински филм во Тренто (Италија) , членовите на собранието изгласаа позитивно прифаќање на Македонскиот Еко-фестивал како рамноправен член во Алијансата, рамо до рамо со 26 институции од светот – најголеми имиња од светот на планинските фестивали, посветени на промоцијата, збогатувањето и конзервацијата на планинската кинематографија.
Алијансата до овој момент ја сочинуваа 25 фестивали на планински филм и еден планински музеј – кои претставуваа 19 земји од Европа, Азија, Северна и Јужна Америка и Океанија. Од сега помеѓу нив и нашето и Ваше „ЕХО” – од Македонија.

На прифаќањето на нашиот фестивал за член во Меѓународната алијанса за планински филм, гледаме на чин на сериозно вреднување на нашата работа за нашата публика низ годините, со проекции на скоро 400 филмови, организација на повеќе од 50 презентации, издавање на книги и организација на разни други едукативни содржини на тема планини и обработка на широк спектар на теми кои го претставуваат соживотот на човекот со нив. Но секако и на чин – кој дополнително не’ обврзува на уште посилна работа.вВо овие чудни „ковид” времиња, ваквата вест и тоа како и ни беше потребна во овие моменти. Да ни послужи како ветер во грб, да не’ инспирира и да ни даде елан, да се посветиме во реализција на уште едно издание во малку поинаква форма сепак-велат од организацискиот тим.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.