Со маестралниот концерт во селото Секирник, почитувајќи ги корените на неговата мајка Симон Трпчевски ја започна балканската турнеја

30

Симон Трпчевски одржа концерт во струмичкото село Секирник во општина Босилово. После големите светски сцени тој го претстави проектот Македонисимо и пред публиката во родното место на неговата мајка. .

Концертот се одржа на отворено, а во маестралните изведби на маестро Трпчевски и неговите пријатели имаа можност да уживаат неколку илјади посетители од целиот регион. За градоначалникот на Босилово ова е историски настан, но и пример кој треба да го следат сите големи уметници.

Со концертот во селото Секирник Симон Трпчевски и официјално ја стартува балканската турнеја на Македонисимо што ќе трае до октомври, а ќе ги вклучи настапите во Хрватска, Србија, Словенија, Црна Гора и Романија.

Минатата година овој музички проект маестро Трпчевски го претстави и во струшкото село Збажди родното место на неговиот татко. Според Трпчевски ова е најсоодветен начин за потсетување на големото музичко богатство на Македонија, но и на нашите корени.

Секоја чест !

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.