Филм за оваа недела на kulart.mk-Ayla-The dauther od war (2017)

1201
Ayla-The dauther of war , е воена драма во турско-иранска продукција , од 2017-та година. Режијата е на Кан Улкау, по сценарио на Јигит Гуралоа, во улоги на Цетин Текиндор, Исмаил Хациоглу, Кујунг Лии и други

Во 1950-та година, во услови на големи страдањата од Корејската војна, наредникот Сулејман се сопнува врз половина замрзнато девојче, без родители и без помош од ниедна страна… Избезумено, исплашено и на работ на смртта, тоа девојче го плени срцето на Сулејман, кој го ризикува својот живот за да ја спаси. Тој ја шверцува во неговата воена база  на најразлични начини. Не го знае нејзиното име и не може да комуницира со неа. Тој и дава има  Ayla, во сеќавање на месечината на судбоносна ноќ за време на која се запознале. Девојчето и Сулејман  формираат моментален и неразделен спој, а  Ayla  носи неверојатна радост на турската бригада која се наоѓа во канџите на војната.

Како што војната доаѓа до својот крај, на  Сулејмановата бригада е кажано дека тие ќе се вратат дома. Сулејман не може  да го  поднесе напуштањето Ayla, и прави се што е во негова моќ за да ја земе со него.

Но, тоа не му успева и е принуден да ја  даде Ayla во сиропиталиште, но тие не се откажуваат од надежта дека еден ден повторно ќе се сретнат.

Дали некогаш ќе се случи тоа ?

Емотивна драма за настани од пред повеќе од половина век, но препознатливи и сеуште присутни низ војните во светот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.