Заврши Вториот „Скопскиот поетски фестивал“

22
 Со настанот „Стиховно мапирање на Скопје“ ‒ видеопроекција на 12 поетски филмови, во кафе-книжарницата „Буква“,  официјално  заврши второто издание на „Скопскиот поетски фестивал“.
Филмовите се изработени од Сандра Ѓоргиева, Марија Шаклева, Диме Данов и Валентина Бакти (Србија), врз основа на песни за Скопје од поетите: Блаже Конески, Анте Поповски, Радован Павловски, Владимир Мартиновски, Васко Марковски, Исток Улчар, Биљана Стојановска, Ана Голејшка Џикова, Јулијана Величковска, Ивана Јовановска, Ѓоко Здравески и Андреј Ал-Асади.
на истата локација, на темата „Урбана поезија“ се одржа работилница за креативно пишување поезија за млади на која ќе говорат Сергеј Тимофеев од Латвија, Радмила Петровиќ од Србија и Владимир Мартиновски.
Посетителите има можност да ја видат и изложбата на колажи за Скопје од Валентина Бакти (Србија) ‒ „Сум страдал, ама убаво ми било“, што беше отворена на 29 август во „Буква“.
Влада Урошевиќ, Владимир Мартиновски, Радмила Петровиќ од Србија и Сергеј Тимофеев од Латвија, пак, синоќа настапија на интернационалната вечер на фестивалот, а вечерта заврши со кусиот поетско-музички перформанс на Пијан Славеј.
Фестивалот е поддржан од Град Скопје, од Младинскиот културен центар ‒ Скопје, од кафе-книжарница „Буква“ и винарница „Стоби“.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.