„Поле за игра“, соло концерт на Казахстанската виолинистка Ајман Мусахоџаева во Филхармонија

749

Оркестарот на Филхармонија ќе одржи концерт во четврток насловен „Поле за игра“ на која како солистка ќе настапи исклучителната виолинистка Ајман Мусахоџаева од Казахстан. Диригент е Сашо Татарчевски, а на програмата се Концертот за виолина и оркестар од Менделсон и Симфонијата број 96 „Чудо“ од Хајдн.

Музиката на германскиот композитор Феликс Менделсон (1809-1847) е совршен микс на класичната пропорционалност со романтичарската жестокост. Јозеф Хајдн (1732-1809) е австриски композитор и една од најзначајните фигури во развојот на класичниот музички стил во 18 век. Тој ги поставил формата и стилот на симфонијата и гудачкиот квартет. Затоа го викаат и „татко на симфонијата“ и „татко на гудачкиот квартет“.

Виолинистката Ајман Мусахоџаева од Казахстан е на листата на исклучителни музичари на 20 -тиот век која ја направи Енциклопедијата на универзитетот во Кембриџ, а од биографскиот центар на овој угледен универзитет ја доби и титулата „Интернационален уметник за 2003 година“. Мусахоџаева е и „Уметник на мирот“ на УНЕСКО, а наградена е од претседателот на Италија и од Ватикан за своите уметнички достигнувања.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.