Конкретни активности за искоренување на врсничкото насилство во училиштата

33

Започна реализацијата на проектот: „Врснички форум театар против насилство во училиштата“, кој го третира проблемот на врсничко насилство во училиштата во општина Гевгелија во насока на препознавање, превенција и постапување при ваквите случаи. Проектните активности започнаа со средба на работните тимови, кои ги детектираа проблемите во училиштата во општина Гевгелија, во врска со врсничкото насилство, а врз основа на тоа се согласија да работат на конкретни активности и спроведат превентивни мерки. Така, во наредниот период ќе се спроведуваат: меѓусекторски состаноци на тимовите (училишта, ЦСР, МВР, Општина Гевгелија), состаноци со стручни служби и
аставници на ниво на паралелка, советувања со родители и ученици, едукативни предавања и работилници, изработка на едукативни материјали, редовни анкети со ученици и родители, одбележување на Денот на борба против насилство, Ликовен конкурс на тема: „Врсничко насилство“ и повратно информирање од систематски прегледи на учениците. Според планираните активности од проектот: „Врснички форум театар против насилство во училиштата“, Здруженијата „Одстаница до граница“ и „Рубикон“ веќе подготвуваат работни средби со наставниот кадар од сите училишта од Општина Гевгелија, по што ќе следат работилници со учениците. Активностите од проектот што го имплементираат Здруженијата „Од станица до граница“ и „Рубикон“ во соработка со Општина Гевгелија, стручни служби од сите основни училишта и средношколскиот центар од Гевгелија, претставници од Центарот за социјална работа, Општа болница – Гевгелија и Одделенијата за детска и социјална заштита и образование при Општина Гевгелија треба да придонесат кон создавање безбедни училишни средини без врсничко насилство и со унапредена меѓусебна толеранција и разбирање, унапредување на компетенциите на наставниот кадар и психо-педагошкиот тим за детектирање, превенција и структуриран пристап во справувањето со врсничкото насилство, како и јакнење на меѓусекторската соработка на институциите и сите вклучени институции во системски одговор на случаите на врсничко насилство „Врснички форум театар против насилство во училиштата“ се спроведува во рамки на „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – РеЛОаД2“, која е финансирана од Европската Унија, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) заедно со Општина Гевгелија.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.