„Зошто 8 Март?“: Отворен повик за едукатор(к)и

25

Тиииит! Инк. и оваа година, четврта по ред, подготви едукативни материјали прилагодени за ученички и ученици во средните училишта со цел да се отвори простор за инклузивна дискусија со младите за родовата нееднаквост и феминизмот.

Оваа година во фокус се жените кои се занимавале или пак сѐ уште се занимаваат со уметност и со архитектура, а едукативните материјали имавме чест да ги изготвиме во соработка со Јованка Попова, кураторка при Музејот на современата уметност во Скопје и Ана Ивановска, професорка при Архитектонскиот факултет во Скопје. Овој педагошки прилагоден материјал вклучува наставен план со збир од содржини и извори коишто би им помогнале на едукатор(к)ите да се запознаат и припремат за час, како и наставен материјал и помагала за учениците и ученичките со коишто би се служеле додека трае часот.

Затоа, Тиииит! Инк. ги повикува сите заинтересирани едукатори и едукаторки да ги спроведат веќе спремните наставни материјали за време на еден средношколски час во одделенијата на професор(к)ите коишто се пријавени за соработка. Особено ги охрабруваме да се пријават оние заинтересирани кои ги завршиле своите студии или пак сè уште студираат на Факултетот за ликовна уметност или Архитектонскиот факултет! Доколку сте професор/ка со полно работно време во некои од средните училишта во земјава, може да ги добиете материјалите по ваше барање и самите да го одржите часот. На повикот имаат предност невработени млади лица.

Линкот за пополнување на формуларот за пријавување може да се најде ТУКА.

Оваа година целта на оваа наша акција е да ги запознаеме младите од средните училишта во земјава со најчесто малку познати факти за жените кои се занимавале со уметност и архитектура, кои биле нивните најзначајни дела и каков придонес имале тие во општествениот јавен живот. Овие приказни се изоставени од формалното образование, а токму 8 Март служи како ден на кој се обележува важноста на жената како рамноправен двигател на општеството. Недостигот на теми и содржини поврзани со активната женска сфера во школските клупи е повод за спроведување на оваа иницијатива. Оваа соработка помеѓу идни и сегашни искусни професор(к)и и едукатор(к)и е одлична можност за отворање на простор за позитивни искуства со работа со ученици и остручен пристап кон дискутирање на теми за еманципација на жените и родовата еднаквост.

Повикот е отворен до четврток 14 март. За овој ангажман на едукатор(к)ите им следува хонорарен надомест.

Ако имате какви било дополнителни прашања, пишете на [email protected].

Спроведувањето на активноста е поддржано од фондација Kvinna till Kvinna, The Embassy of Sweden in NMK, Sigrid Rausing Trust и Equality Fund.

 

 

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.