Децата ликовни творци оваа година без традиционалното собирање на Малиот битолски Монмартр

434

Малиот битолски Монмартр оваа година ќе биде без  децата кои творат низ битолските улици. Пандемијата со коронавирусот годинава ги спречи децата од повеќе земји во светот да дојдат .

Но,сепак во Битола имаше свеченото отворање на 39-то издание на Малиот Битолски Монмартр , симболично, согласно мерките за заштита.

Наградата Гран при оваа година ја доби Марија Дима од Романија, која му беше врачена на почесниот конзул на Романија во Битола. Во студиото е поставена светската изложба на која се изложени најдобрите 717 творби од вкупно 15.000 пристигнати.

Најмногу децата млади сликари ја очекуваат следната година, кога ќе биде јубилејното 40-то издание на оваа ликовна манифестација да се сретнат низ улиците на Битола и заедно да создадат уште бројни вредни ликовни дела.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.