Се одржува ликовната колонија “Трпејца 2022”

30

Од завчера до утре 6 септември во Трпејца се одржува петтото издание на Меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2022“.

На колонијата творат уметниците: Мајкл Клос од Канада. Владисав Богичевиќ од Ниш – Србија, Петрит Лараку од Поградец – Албанија и  Наташа Попоска – Карче, Хава РеџепиЕлена Ѓурѓиноска и Ѓоко Симјаноски од Охрид.

Сликарите творат во дворот и околината на Подрачното основно училиште „Наум Охридски“, а ќе се дружат и со ученците  и со мештаните.

Организатор на колонијата е Здружението „За Трпејца со љубов“  а покровител е Општина Охрид.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.