Вечерва “Здраво Млади”

26

%

„Здраво Млади 12 “ќе се одржи на 3.9.2022 со почеток од 19 часот. Овогодинешниот фестивал според организаторот има 3 главни бини и неколку поп-ап локации низ МКЦ каде ќе бидат гости 15 артисти од целиот свет.

Артисти кои ќе се дел од Здраво Млади 12:

1. Bufiman

2. Deerhoof

3. ШТАДТ

4. 21 век

5. Палиндром

6. Not Wawing

7. Tamada

8. Sitzpinker

9. Martina Peneva

10. Emi Ermilova

11. Xajka

12. Porto Morto

13. Herzel

14. Dj Fitz

Оваа листа на артисти е курирана така да одговара на сечиј вкус. Со гордост ги прикажуваме нашите локални артисти, млади бендови и искусни музичари, драги диџејки како Мартина Пенева и Еми Ермилова.

Ова е листа која нуди бранови на звукот донесени од преку 10,390 km далечина, дава спој на неспоивото и уживање кое не се заборава!

Оваа година дизајнот на постерот достигна извондредна популарност, одлучивме да локалниот уметник Гоце Илиевски кој со себе носи бројни признанија и награди, го направи дизајнот на „Здраво Млади“. Покрај музичката програма, „Здраво Млади“ ја збогати програмата со обука за инстаграм филтри кои преку агментирана реалност го менуваат изразот на лицето на социјалните медиуми како младите уметници би можеле да се изразат на еден уникатен начин.

И за крај како уникатна и екслузивна соработка го двоиме „носењето во живот“ на друидот од постерот, кој ќе е испринтан со помош на 3D принтер и овековечен во лимитирана бројка на терариуми од локални артисти и ентузијасти за ботаника, Etherial3D и Цветко“, информираат организаторите.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.