17 октомври- Започнало Кресненското востание против османлиската власт

64

Започнало Кресненското востание на македонскиот народ против османлиската власт, а за ослободување на Македонија и за создавање на независна држава. Околу 400 востаници, предводени од Димитар Поп Георгиев – Беровски и војводата Стојан Карастоилов, го нападнале селото Кресна, каде што се наоѓаla османлиска касарна. Притоа ја зазеле касарната и ослободиле неколку места каде што била создадена народна власт. Востанието било задушено дури во јуни идната година.

Кресненско востание  на македонскиот народ против отоманската власт кренато на 17 октомври (5 октомври по стар стил) 1878 година во селото Кресна, во долината на реката Струма во Пиринска Македонија.

Самите настани во Големата источна криза (18751881) година, Руско-турската војнаСанстефанскиот мировен договор и Берлинскиот конгрес имале силно влијание во Македонија.

Револуционерниот дух кај македонскиот народ сè повеќе растел особено по востанието во Босна и Херцеговина и ослободувањето на Бугарија од страна на Русија во Руско-турската војна.

Најголема причина за оружена борба за ослободување на Македонија предизвикал членот 23 од мировниот договор на Берлинскиот конгрес, кој се однесувал на Македонија и предвидувал нејзина автономија но останување во рамките на Османлиското Царство.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.