8 август 1786 -Мишел-Габриел Пакар и Жак Балма се првите луѓе кои го искачиле врвот Монблан

83

На 8 август , Мишел-Габриел Пакар и Жак Балма станаа првите луѓе кои го искачиле врвот Монблан.

Монблан ( Mont Blanc,  Monte Bianco = „Бела Планина“) —планина  во Алпите  со највисок врв во Западна Европа од 4.808м.

Планината се протега помеѓу регионите на долината Аоста во Италија  и Високи Савои во Франција. Врвот Монблан се наоѓа на границата помеѓу двете земји, иако и едната и другата сакаат да го цртаат на картите како свој. Последен договор за границата е оној помеѓу Франција и Кралството Сардинија кајшто границата е определена на највисоката точка на Монблан.

Планината е популарна за планинарење, алпинизам и скијање. Најпознати центри се Шамони и Курмајер.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.