“Time”- нешто ново од Никола Мицевски

45

По фантастичниот прв сингл “Круг” нашиот композитор Никола Мицевски, денес го промовира и својот втор сингл насловен “Time” кој е дел од неговиот албум “NEW ERA”.
Како специјален гостин на овој проект учествува нашиот добро познат гитарист Дамјан Пејчиноски а видеото го изработи познатиот Даниел Јовески.
“Time” е инструментална композиција во синематик/ етно/рок/симфони правец, или популарно во World music правец, со призвук на филмска музика. Сублимација на моето цело досегашно музичко знаење и искуство. Музика преку која сакам да допрам до што поголем број на слушатели, музика која може да се слуша секаде во светот а притоа да е претпознатливо дека се темели врз дихот на македонската музика. Среќен сум што соработував со Дамјан Пејчиноски, гитарист од светска класа кој со својата изведба даде една друга димензија на мојата музика. Даниел Јовески повторно направи едно ремек видео со кое автентично и перфектно ја илустрираше мојата музика – вели Никола Мицевски.

Музика и аранжман – Никола Мицевски
Гостин: Дамјан Пејчиноски – гитара
Снимено и продукција во студио XL Момироски
Режија, сценарио и камера Даниел Јовески

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.