“Кога љубов имам”- нова песна на Горан Папаз

172

“Кога љубов имам”е насловот на новата песна на Горан Папаз. “Песната “Кога љубов имам” е работена заедно со продуцентот и композитор Гоце Симоноски а е снимена во студиото на Лазар Цветкоски, LCV Production. Музиката е на Горан Папаз а аранжманот е на Гоце Симоноски.
Се работи за ведра тема во која се појавуваат и женски вокали. Инспирацијата за истата е љубовта кон се што е околу нас, односно се што не опкружува а не прави среќни.
Видеото е снимено и режирано од страна на Ѓоле Наумовски, Мега Продукција. Снимањето траеше два дена и е снимено на две локации. Како главен протагонист во видеото се појавува моделот Емилија Малезан”

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.